Едно лице е повредено при експлозија на јахта под бугарско знаме што се наоѓала во марината Сани на првиот крак на Халкидики. Единствениот патник веднаш бил пренесен во болница, соопштија од грчката крајбрежна служба.

По детонацијата дошло до навлегување вода во пловниот објект, поради што надлежните служби започнале активности за нејзино испумпување. Истовремено, околу јахтата превентивно е поставена специјална пловна бариера за да се спречи евентуално загадување на морската средина.

Според информациите од локалните медиуми, повреденото лице е грчки државјанин кој воедно управувал со пловилото. Тој се здобил со изгореници на рацете, нозете и лицето, но се наоѓа надвор од животна опасност.