Дамјан со своето знаење, наградите кои ги собира на сите натпревари и светски олимпијади секогаш го свртуваат вниманието на јавноста. Пред неколку месеци неговото семејство принципиелно ги одби сите донации од поединци и фирми, откако комисијата во ресорното министерство одби да му ја врачи наградата за државен првак по матетамика за средношколци, со образложение дека тој е ученик во деветолетка. Неговата мајка Никица Давкова вели дека Дамјан ја добива поддршката од институциите, она што по закон го следува.
Дамјан е мултиталентирано дете, а ваквите генијални деца се препознаваат уште во градинките смета тимот од наставниците и универзитетските професори, кои заеднички ги објавија прирачниците Математика низ игра, збор и разговор.
Математиката им е весела и лесна на децата во градинките, но кога ќе седнат во училишните клупи станува тешка. Годинава учебникот по матетматика за четврто одделение е дигитален, но и реформиран, а оваа наука низ практични примери е порпистапна за учениците. Анализите на Британската агенција за економија покажуваат дека на Европа до 2030 тата година ќе и бидат потребни два милиони луѓе кои ги знаат математичките вештини.