ОВЕН (21. III – 19. IV)
Престанете да одложувате! Денес донесете ја таа одлика која постојано ја оставате за некој нареден ден, завршете ги обврските кои ги поттурнувате за кога ќе имате време и направете го лекарскиот преглед кој подолго време го планирате.

Исчистете ја листата која ја зголемувате од ден на ден и не прифаќајте ништо ново додека не го направите тоа.

БИК (20. IV – 20. V)
Дали постојано тврдоглаво се обидувате да правите сè сами? Денес прифатете ја понудената помош и ќе видите колку повеќе ќе се забавувате додека ги извршувате обврските. Дури ќе најдете и слободно време за одмор и релаксација.

Побарајте идеи онлајн за проектите кои сакате да ги реализирате. Технологијата е ваш пријател.

БЛИЗНАЦИ (21. V – 20. VI)
Вашата листа од пријатели е огромна, но дали можете да им верувате на сите нив? Денес разграничете ги лојалните пријатели од познаниците, бидејќи ќе сакате да знаете на кого можете да сметате кога најмногу ви е потребна помош.

Планетите ќе се здружат за да ви ја покажат реалноста. Ставете го квалитетот пред квантитетот кога е во прашање вашиот друштвен живот.

РАК (21. VI – 22. VII)
Зошто да се задоволувате со второто место кога можете да бидете први? Денес планетите ќе ви го разбудат натпреварувачкиот дух и ќе ве насочат кон победа. Ако верувате во себе, нема да имате никаква конкуренција.

Во љубовниот живот ќе бидете расположени за поголемо обврзување. Нема да се плашите да разговарате на сериозни теми кои досега ги избегнувавте.

ЛАВ (23. VII – 22. VIII)
Внимавајте на вашиот имиџ. Денес не правете нешто што може да влијае негативно на мислењето кое го имаат луѓето за вас. Пазете што објавувате на социјалните мрежи и какви изјави давате во јавност.

Наместо постојано да им повторувате на саканите личности колку ви значат, покажете им. Направете нешто убаво за нив или изненадете ги ненадејно.

ДЕВИЦА (23. VIII – 22. IX)
Колку и да ги сакате добрите зделки во реалноста или онлајн, денес морате да внимавате. Можно е некој да се обиде да манипулира со вас или да ве измами. Двапати проверувајте пред да носите одлуки.

Претпочитајте ја интимната атмосфера на крајот од денот. Дајте си го потребното време за себе или потонете во прегратката на партнерот.

ВАГА (23. IX – 22. X)
Пукнете го балонот во кој удобно се изолирате од светот и придружете им се на пријателите во забавата. Денес ќе имате недокажани нешта кои ќе сакате да ги споделите и пораки кои ќе сакате да ги пренесете. Сретнете се со вистинските луѓе……И однесувајте се кон нив со почит. Ако сакате да бидете ислушани, морате да научите и да слушате. Луѓето се различни, не го очекувајте спротивното за да не се разочарате.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)
Луѓе кои воопшто не очекувате да ви завидуваат, денес ќе покажат знаци на љубомора. Наоружајте се со трпение, бидејќи некои коментари ќе ве вадат од такт. Изберете да победувате со стил, не возвраќајте во иста мера.

Можно е некој да се обиде да ве лиши од вашиот авторитет за да се издигне себеси. Не дозволувајте.

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)
Некој денес ќе ви покаже дека ви го чува грбот. Прекрасно ќе се чувствувате кога знаете дека имате поддршка и тоа ќе ви ја зголемува самодовербата. Ќе се осмелите да направите чекори кои досега сте ги избегнувале.

На крајот од денот, оддалечете се од листата со обврски и приближете се до забавата. Разбудете го детето во вас и уживајте во позитивната енергија.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)
Случувањата околу вас ќе ве збунуваат, но не дозволувајте луѓето да го забележат тоа, особено на работното место. Останете фокусирани на обврските кои се пред вас.

Енергијата нагло ќе ви се зголеми со паѓањето на ноќта. Дали сте подготвени да се размрдате со вечерен тренинг или со прошетка под отворено небо?

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)
Ова е еден од оние денови кога луѓето лесно ќе ве разбираат. Одлично ќе комуницирате со секого, па започнете да ги обновувате срушените односи со пријателите, роднините или со партнерот. Запомнете, комуникацијата е двонасочна улица.

Позитивната енергија ќе ги помогне да решите голем проблем. Ќе се изненадите што решението постојано ви било пред очи, но не сте го гледале.

РИБИ (19. II – 20. III)
Ќе обожавате да зборувате за вашите успеси и да ги споделувате научените лекции. Најубавото нешто е што многумина ќе сакаат да ве слушаат. Прекрасни искуства со нови лица ќе имате денес и ќе ги ја проширите листата со пријатели.

Ниту една убавина не сјае повеќе од доброто срце, а вие ќе бидете доказ за тоа. Ќе го заробувате вниманието.