Во текот на вчерашниот ден (26.07.2023) СВР Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.