Во текот на вчерашниот ден, на територија на цела држава изречени се 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, информира Министерството за внатрешни работи.
-Од вкупниот број санкции, 155 се за небезбедно преминување улица надвор од пешачкиот премин, пет за минување на црвено светло. За време на контролата регистрирани се и 111 останати прекршоци, велат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а Министерството апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.