Американскиот претседател Џо Бајден го напушти Киев, каде што престојуваше повеќе од пет часа во ненајавена посета, на која се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Светот стои со вас“, рече Бајден за време на посетата на Киев.

 

Тој вети дополнителна американска помош од половина милијарда долари, како и помош во оружје.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека за време на посетата Бајден разговарал со него за „оружје со долг дострел и оружје што може да се испорача, а кои сè уште не се доставени во Украина“.

 

Зеленски истакна дека посетата на Бајден е исклучително важен сигнал за поддршка на Украина и Украинците, како и дека Бајден и американското општество се заедно со Украина од самиот почеток на војната во целосен обем што ја почна Русија, пренесува украинскиот „Интерфакс“.

 

„Првиот телефонски повик со поддршка за Украина беше од Белата куќа. Ви благодариме за вашето лидерство. Ви благодариме за вашата двопартиска поддршка, за поддршката на Конгресот“, рече Зеленски.