По земјотресот во Турција многу деца останаа сирачиња, а поради траумата некои од нив не можат ни да зборуваат.

Турските здравствени власти објавија дека сега има повеќе од 260 повредени деца, кои не се идентификувани. Официјалните лица се обидуваат да ги идентификуваат децата со адреси, но овие локации често се само урнатини. Во најмалку 100 случаи неименувани деца веќе се згрижени, пишува Би-би-си. Пред две недели, Турција ја погоди силен земјотрес од 7.8 степени, при што загинаа над 41.000 луѓе во оваа земја. Директорот на АФАД, Јунус Сезер, објави дека 800.000 луѓе погодени од земјотресите поднеле барање за засолниште во други окрузи.