Вчера во Свети Николе од полициски служебници од СВР Штип е лишен од слобода 17-годишен малолетник, по претходна пријава од 37-годишна жена од Свети Николе дека малолетникот извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка, извести МВР.
– На пријавениот малолетник од судија во Основен суд Штип му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена, додаваат од МВР.