На подрачјето на Куманово во 2022 година биле пријавени тринаесет настани за опожарени возила, додека од почеток на 2023 година се пријавени четири. Од вкупно пријавените 13, минатата година биле поднесени две кривични пријави против двајца сторители за извршување кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“, а за останатите пријавени настани било утврдено дека возилата биле опожарени од неисправна инсталација, соопшти полицијата.

Претходно и противпожарната единица соопшти дека од почетокот на годинава интервенирале на пожари на четири патнички моторни возила, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре.

СВР Куманово презема мерки за расчистување и на другите случаи.