Станува збор за 19-годишниот Брендон Скот Хол, кој работел во „Федекс“ во текот на оваа есен.

Засега не се познати мотивите за масакрот. Очевидците изјавиле дека станувало збор за хаотичен напад, кој започнал од паркингот. Тој продолжил неконтролирано да пука влегувајќи во зградата, за на крај да си пресуди и самиот.

Инцидентот е последен во низата од седум крвави напади во САД во последните месец дена.