Американскиот претседателот Џо Бајден има намера да назначи повеќе нови раководители на клучните функции во Стејт департментот, како што се помошниците државни секретари за неколку светски региони.

Бајден на позиција помошникот државен секретар за Европа и Евроазија ја номинира Карен Донфрид, која доаѓа на местото на Филип Рикер, кој по заминувањето на Вес Мичел беше вршител на должноста. На местото помошник државен секретар за Европа и Евроазија Донфрид доаѓа од позиција претседател на германскиот Маршалов фонд во Вашингтон.

Пред да дојде на оваа позиција, во април 2014 година, Донфрид била ангажирана како специјален помошик на претседателот и директор за европска политика во Националниот совет за безбедност. Пред тоа таа служела во Националниот совет за разузнавање како национален разузнавач.

Покрај оваа позиција, Бајден номинира раководители и за неколку други клучни позиции. Марсија Берникет е номинирана за генерален директор на диплматската служба на Стејт департментот. Барбара Лиф е номинирана за помошник државен секретар за Блискиот Исток, Мери Кетрин Фи за помошник државен секретар за Африка и член на одборот на директори на Фондацијата за развој на Африка, Мишел Сион за помошник државен секретар за меѓународни оргазнизации. Номинирани се уште неколку дипломати на клучни позиции во дипломатската служба на Стејт департментот.