Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од Бетел Парк, Пенсилванија како вмешан во обидот за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп, се вели во соопштението од ФБИ, пренесува Ројтерс.
Од ФБИ го повикуваат сите што имаат информации кои може да помогнат во истрагата да ги достават на FBI.gov/butler.
Си-ен-ен пренесува дека тој е млад регистриран републиканец кој претходно имал мали придонеси за група наклонета кон демократите.
The FBI has named Thomas Matthew Crooks, 20, as the gunman involved in the assassination attempt against former President Donald Trump https://t.co/Dqnp9M9le0
— CNN (@CNN) July 14, 2024
Томас Метју Крукс живеел во предградието на Питсбург, Бетел Парк, околу 35 милји јужно од местото каде што се одржувал митингот на Трамп.
Според извештаите на локалните медиуми, тој завршил во средното училиште Бетел Парк во 2022 година.
Крукс е регистриран како републикански гласач, според податоците во базата на гласачи во Пенсилванија, што одговараат на неговото име, возраст и адреса во Бетел Парк. Органите на прогонот ги пребараа овие јавни записи во саботата навечер.
Овогодишните претседателски избори ќе бидат први на кои тој ќе можел да гласа.
Според Си-ен-ен, записите на Федералната изборна комисија покажуваат дека донатор наведен како Томас Крукс со иста адреса дал 15 долари на политички акционен комитет поврзан со демократите во јануари 2021 година.
Кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, беше итно изнесен од бината од припадници на Тајната служба на митинг во Батлер, Пенсилванија, откако одекнаа истрели од огнено оружје, а Трамп се фати за увото.