Радио Лидер
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Подкаст
Слушај во живо Слушај
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Подкаст

20 ОСУДЕНИЦИ СО СПОРНИ ВЕШТАЧЕЊА ЗАВРШИЛЕ НА ЛЕКУВАЊЕ НАМЕСТО ВО ЗАТВОР: Потоа, правеле проблеми и во „Демир Хисар“

2

НПМ утврдил дека околу 20 осуденици преку спорни психијатриски вештачења завршиле на лекување во „Демир Хисар“ наместо во затвор.

Македонија 26.06.2026. 15:28
20 ОСУДЕНИЦИ СО СПОРНИ ВЕШТАЧЕЊА ЗАВРШИЛЕ НА ЛЕКУВАЊЕ НАМЕСТО ВО ЗАТВОР: Потоа, правеле проблеми и во „Демир Хисар“

НПМ утврдил сериозни неправилности во психијатриската болница

При контролата на психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025 година, тимот на Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител затекнал околу 20 осудени лица кои, според наодите, не страдале од психичка болест, туку преку спорни психијатриски вештачења избегнале издржување затворска казна.

Ова денеска го соопшти заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска, при презентацијата на извештајот на НПМ. Таа посочи дека, поради сериозноста на утврдените состојби, НПМ се обратил и до Комората на вештаци, со барање информации за примената на етичките и професионалните стандарди во судско-психијатриските вештачења.

Персоналот бил изложен на притисок, закани и безбедносни предизвици

Според Трифуновска, ваквата состојба предизвикува сериозни проблеми во функционирањето на Форензичкото одделение во болницата. Здравствениот персонал, покрај терапевтската работа, бил принуден да презема и безбедносни задачи.

Од НПМ посочуваат дека лицата кои не се вистински пациенти често ги вознемирувале и злоупотребувале останатите пациенти, организирале бегства, а вработените биле изложени на закани и сериозен професионален притисок.

„Се отвора прашањето за сериозно отстапување од целта на кривичноправниот систем и суштинско поткопување на принципот на еднаквост пред законот“, предупреди Трифуновска.

Чести промени на директори и влошени услови за вистинските пациенти

Во извештајот се наведува и дека во периодот од 2024 година до посетата на НПМ, во болницата биле сменети четворица директори, што дополнително влијаело врз функционирањето на установата.

Според НПМ, ваквата состојба директно ги погодува вистинските психијатриски пациенти, кои поради преоптовареноста на персоналот добиваат помалку внимание и се лекуваат во влошени услови.


топдемир хисарпсихијатрија

Поврзани вести

Македонија

Правдата е темелот на правната држава, порача Шасивари по повод Европскиот ден на правдата

25.10.2026. 10:36

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите

25.10.2026. 10:22

Економија

(ВИДЕО) Николоски: Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои ќе се имплементира технологија на ,,Старлинк”

25.10.2026. 09:51

Македонија

ПО ВОВЕДУВАЊЕТО „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Над 1.400 казни во Охрид, Струга, Дебар и Кичево

25.10.2026. 09:23

Најнови вести

пред 4 мин.

Правдата е темелот на правната држава, порача Шасивари по повод Европскиот ден на правдата

пред 18 мин.

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите

пред 50 мин.

(ВИДЕО) Николоски: Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои ќе се имплементира технологија на ,,Старлинк”

пред 1 час

ПО ВОВЕДУВАЊЕТО „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Над 1.400 казни во Охрид, Струга, Дебар и Кичево

пред 2 часа

Денеска променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

пред 2 часа

СРБИЈА ДЕНЕСКА ГЛАСА: 6,45 милиони граѓани со право на глас

пред 11 часа

Алексовска со десет удари во низа и субмисија ја победи Гркинката на ФНЦ 34!

Останати вести од Македонија

Македонија

Правдата е темелот на правната држава, порача Шасивари по повод Европскиот ден на правдата

25.10.2026. 10:36

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите

25.10.2026. 10:22

Македонија

ПО ВОВЕДУВАЊЕТО „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Над 1.400 казни во Охрид, Струга, Дебар и Кичево

25.10.2026. 09:23

Македонија

Алексовска со десет удари во низа и субмисија ја победи Гркинката на ФНЦ 34!

24.10.2026. 23:56

Македонија

МЛАДИТЕ СЕ ДВИГАТЕЛ НА ПРОМЕНИТЕ: Втор едукативен камп на ЗНАМ започна на Пелистер

24.10.2026. 20:24

Македонија

ЧУВАРИ НА ВЕРАТА И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕАЛ: Одбележан празникот 23 Октомври и четири децении од упокојувањето на Ангелариј во Мелбурн

24.10.2026. 19:30

Македонија

ИНТЕНЗИВИРАНА ТЕРЕНСКА РАБОТА ВО БРВЕНИЦА: Радичевски и Мицкоски извршија увид во проектите во четири населени места

24.10.2026. 17:52

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БИ ОСВОИЛА 23,7 ПРОЦЕНТИ ОД ВКУПНИТЕ ГЛАСОВИ: Анкета на Гранулекс покажува трипати поголема поддршка во споредба со СДСМ

24.10.2026. 17:16

Подкаст

Подкаст

Подкаст

АНАЛИЗА: Дали следува економска криза и дали каматите ќе растат?

23.10.2026. 09:04

Подкаст

БАУКОТ НАД ЕВРОПА: Зошто народот нема друг избор?

22.10.2026. 09:11

Подкаст

Победата на Филипче во Брвеница може да тригерира парламентарни избори!

21.10.2026. 08:56

Подкаст

ИМА ЛИ СПАС ЗА МАКЕДОНСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ?

20.10.2026. 10:03

Подкаст

ЕКСКЛУЗИВНО СО ЕДЕН МАРКЕТИНГ ГУРУ: Како AI ги менува креативните индустрии?

19.10.2026. 08:45

Подкаст

НАЈГОЛЕМАТА ГЛАВОБОЛКА НА ЈОТОВА И РАДЕВ

16.10.2026. 10:31

Подкаст

СЛЕДУВА ЛИ НОВА ЦЕНОВНА КРИЗА?

15.10.2026. 11:06

Подкаст

ОД ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ ДО ПЕНЗИИТЕ – КОЛКУ ДРЖАВАТА СЕ ГРИЖИ ЗА ГРАЃАНИТЕ?

14.10.2026. 09:42

Подкаст

ЗА БЕГСТВОТО НА ИВА МИХАИЛОВА И ЗА НАВОДНАТА ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ!

13.10.2026. 08:13
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • За General Heralding
  • facebook
  • twitter
  • instagram
  • youtube
  • rss

Copyright © 2021 General Heralding. All rights reserved.