Средба со амбасадори од УНЕСКО во Владата

Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски денеска информираше дека во Владата била остварена значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на природното и културното наследство.

„Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство“, посочи Николоски.

Фокус на Охридското Езеро и охридскиот регион

Во објавата, Николоски нагласи дека е потребна силна меѓугранична соработка со Албанија, особено во делот на заштитата на Охридското Езеро и охридскиот регион.

„Природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме“, истакна Николоски.

Посебен акцент, како што наведе, бил ставен на развојот на охридскиот регион, во кој припаѓаат општините Охрид, Струга, Дебрца и Поградец во Албанија.

Автентичност и одржлив развој за идните генерации

Николоски посочи дека заедничката определба е да се зачува автентичноста на регионот, а истовремено да се обезбеди одржлив развој во интерес на граѓаните и идните генерации.

„Се согласивме дека охридскиот регион има исклучителна универзална вредност и претставува богатство не само за Македонија, туку и за целото човештво“, порача Николоски.