На територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, девет за некористење сигурносен појас, пет за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.