“Во сите аспекти на нашата национална динамика, како што е образованието, странските директни инвестиции и екологијата, се соочуваме со предизвици и неуспехи. Но, на контраст, кога станува збор за феномени како корупција, криминал и непотизам, нашата земја, под власта на ДУИ и СДС тандемот, се истакнува како лидер и уште уште држи таа првична позиција.”
Ова беа зборовите на Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за КУРИР.
Разговараме со него за тековната состојба во Македонија, изразувањето на разочараност меѓу луѓето, протестите на пензионерите и серијата на ужасни убиства кои ја потресоа целата земја.
Интервјуто со Томовски, објавено на КУРИР, се пренесува во следниве редови:
КУРИР: Каква е состојбата во државата веќе неколку години и во која насока се движи Македонија?
Томовски: Сметам дека државата се движи кон тотална демотивација и разочарување. Луѓето се заморени поради нефункционални институции и несфаќање на целиот систем. Власта се фали со празни постапки и не сфаќа дека ги изгубува луѓето.
КУРИР: Финансиската состојба е очајна, исто така и инфлацијата. Каде затаи власта?
Томовски: Власта затаи во договори во четири очи, во елитизам и луксуз. Мерките за предизборен поткуп говорат за тешка сиромаштија. Инфлацијата е тивкиот убиец на стандардот, а договорот со Бехтел и Енка покажува недостаток на брига за народот. За фрлената лопата и таблата на ливада веќе платени 200 милиони евра, без ниту еден метар асфалт.
КУРИР: Пензионерите, оставени на маргините на општеството, непрестано протестираат, но власта не реагира на нивните барања. Каков е вашиот став?
Томовски: Жалко е што лицата кои го граделе нашето општество сега се приморани на протести за своите права. Власта, особено ДУИ и СДС, покажуваат неосетливост кон потребите на пензионерите. Мерките кои ги предлагаат се скоро па милостиња, иако истовремено се склучуваат многу високи договори во тајност. Тие прескокнуваат стварни проблеми, како скапите цени и недостатокот на средства за лекови.
КУРИР: Лицата со попреченост и инвалидитет се занемарени. Сметате ли дека власта прави доволно за нив?
Томовски: Тие се користат само за промоција, но во реалност се оставени без државна поддршка. Нашата партија планира подобрување на нивните услови преку помош, инклузија во образованието и вработување во областа на трудот, како и во државните институции.
КУРИР: Вашата матична партија неодамна промовираше неколку мерки кои ќе се најдат во изборната програма. Колку се тие реални?
Томовски: Пред да предложиме мерки или проекти кои ќе бидат содржани во нашата предизборна програма, правиме сериозни анализи и истражувања за истите предложени мерки и проекти. Со заминувањето на овие луѓе од власта завршува политиканството и елитизмот и доаѓа време на работа, работа и само работа. Институциите и функционерите предложени и водени од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во функција на народот и народот ќе има систем како тоа да го мери, оценува и променува доколку не функционира.
Од тука можам да гарантирам дека мерките како линеарно покачување на сите пензионери од 5000 денари, скалестото намалување на даноците и другите проекти кои ќе бидат соодржани во нашата програма ќе бидат 100 процентно исполнети, а за тоа ќе бидете сведоци и вие медиумите и граѓаните кои ни ја дале довербата, но и оние кои не ни ја дале. И убеден сум дека кога ќе видат како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води државата во иднина, довербата за мојата партија ќе расте од ден во ден и ќе има се поголема и помасовна поддршка од граѓаните во Македонија.
КУРИР: За неколку месеци се одржуваат парламентарните и претседателските избори. Кои се вашите очекувања?
Томовски: Несомнено очекувам дека ќе бидеме победници на претстојните двојни парламентарни и претседателски избори и тоа ќе се случи за прв пат од позиција на опозиција да се има двојна победа на некоја политичка партија. Исто така очекувам дека ќе има валкана игра на поткуп, заплашување и уцени, впрочем тоа го гледаме преку неодамна објавените мерки од страна на владата како сакаат да направат поткуп со државни пари кои им припаѓаат на сите граѓани и можам со сигурност да ве убедам дека ова што го гледате вака како легален поткуп тоа ќе се случува двојно појако и со поголем интензитет со украдените пари од граѓаните, а преку криминалците кои ги штити оваа влада веќе 7 години. Во тој дел имам една порака до граѓаните, земете ги парите кои ги нудат, и добро знаете што треба да направите зад параванот за гласање на денот на избори. Важно е оваа неспособна и криминална власт да се промени.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.