Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во информира дека несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.

Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР – Штип и јавен обвинител.