Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор,лица под истрага со определена мерка притвор,лица под истрага,лица оддалечени или кои се дале во бегство од казнено-поправни установи, за кои се распишувани национални и меѓународни потраги…

Од страна на СВР Скопје изготвен е План за оперативна акција, во кој е вклучен Оперативен тим – потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ -КПД на територија на РСМ и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ. Од страна на Оперативниот тим – потраги лишени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци.

Од страна на организационите единици во рамки на СВР Скопје се превземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица при што лишени се 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.

Во текот на 2021 година редовно се прибираа и сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност, а се наоѓаат надвор од територија на РС Македонија и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници.