На 30.12.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Дупница“ во Крива Паланка возило удрило во М.С.(58) од с.Конопница, по што го напуштило местото на несреќата.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.