Триесетгодишен турист од Крагуевац, Србија, денеска се удавил на плажа на Лефкада додека пливал со пријателите. Според локалната полиција, тој бил извлечен на брегот и веднаш пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.
Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас со цел да се изврши обдукција.
Како што пренесуваат српските медиумит, тој бил на море со својата девојка и двајца пријатели.
Грчкиот остров е познат по плажите на кои има огромни бранови, кои често знаат да бидат кобни.