Турист загина во Поморие, град во jугоисточниот дел на Бугарија. Трагедијата се случила вчера попладне, јавуваат бугарските медиуми.

Триесет и осумгодишниот софијанец со ќерката влегол во морето, а набргу потоа бил забележан во беспомошна состојба од спасувачите.

И покрај укажаната лекарска помош, мажот починал.