Володимир Зеленски ја отфрли наредбата на Путин за 36-часовно Божиќно примирје како „московски фронт“ за да се запре украинскиот напредок во Донбас и да се донесат нови војници и опрема.

Сирените за воздушниот сообраќај се огласија во четири региони на Украина. Вашингтон и Берлин заеднички испратија оклопни возила во Киев, Норвешка веќе испрати 10.000 артилериски гранати.

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да прогласи прекин на огнот долж целата линија на фронтот во Украина од 6 јануари напладне до 7 јануари на полноќ.

Во разговор со турскиот претседател Ердоган, Владимир Путин ги повторил условите за мировни преговори.

„Русија е подготвена за сериозен дијалог само доколку Киев ја прифати реалноста на теренот и ги признае новите руски територии“, рече Путин.

Претходно од кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека предлогот е неприфатлив, дека Русија практично им понудила на Украина и на светот да и го признаат правото да окупираат туѓи територии.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакнува дека би било опасно да се потценат амбициите на Путин во војната, како и растечките односи меѓу Русија и Кина.

„Се поддржуваат авторитарните режими. Мораме да го запреме извозот на висока технологија во такви земји, бидејќи тие ќе ја користат против нас“, рече Столтенберг.

На теренот се огласија сирени за воздушен напад во четири региони на Украина.

Вашингтон и Берлин ќе достават дополнителна воена опрема во Киев, се вели во заедничката изјава на американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц. Станува збор за оклопни борбени возила за транспорт на пешадија „Бредли“, односно „Мардер“.

Берлин се обврза да испрати и една батерија од системот за воздушна одбрана „Патриот“.

Норвешка и испрати на Украина 10.000 артилериски гранати, кои можат да се употребат на повеќе видови оружје.

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов денеска изјави дека сите најнови акции на Америка, вклучително и одлуката за пренесување на нова воена помош за Киев, вклучително и борбените возила Бредли, јасно укажуваат дека Вашингтон нема намера да постигне политичко решение за ситуацијата во Украина.