33 градинки и 68 училишта, отпочнати со реализација за само 100 дена од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сите градинки во општина Аеродром добија фотоволтаични кровни конструкции, а со истиот систем се опремени и дел од основните училишта.
-1090 е вкупниот број на проекти, кои ги отпочнаа, а дел од нив и целосно реализираа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Нема општина каде не се чувствува разликата. За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 3 години. Во дваесетината општини каде градоначалниците се од СДСМ или ДУИ, нема отчет за сработеното, затоа што немаат проекти со кои што може да се пофалат, се вели во соопштението на партијата.
Паниката во СДСМ е голема, затоа што градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажаа како се работи.