46,37 отсто е излезноста на Претседателските избори до 18.30 часот, а на Парламентарните е 53,30 отсто, според последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК).
Тоа значи дека цензусот е остварен и дека Македонија денеска избра претседател.
Наскоро се очекува да почне објавувањето на првите резултати од гласањето на двојните избори.
Зголемена е излезност за 1,84 проценти од претходните избори.