Рано утрово на Клиниката за државна кардиохирургија, 46 годишен пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор и нова шанса за живот. Во моментот, на Клиниката за урологија се прават две трансплантации на бубрег кај млади пациенти со бубрежна слабост кои беа долги години на дијализа, информираат пред малку од Министерството за здравство преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Дополнително во наредните недели пациенти со коскени тумори и тешки повреди ќе имаат можност за квалитетно лекување.
Голема благодарност до семејството на донорот, до нејзинте три исклучително хумани ќерки кои во моменти на најголема тага одлучија да ги донираат органите и да спасат не еден, туку неколку животи. Уште еднаш ни покажаа дека хуманоста и добрината се доблести кои треба да ги чуваме и негуваме“, информираат од МЗ.
Две смејства ја ставија емпатијата над сопствената болка и траума и благодарение на нив, не еден туку неколку пациенти добија шанса за нов живот.