Маж од Скопје на возраст од околу 50-ина години, во доцните попладневни часови, паднал во бесознание при самостојно рекреативно пешачење на патеката до манастирот Свети Никола Шишевски што се наоѓа во близина на акумулацијата “Матка”

Први, случајно,го пронашле граѓани – рекретавци кои помогнале и реагирале превентивно, го згрижиле и веднаш го известиле Центарот за управување со кризи, а истовремено бил извесетен и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по што следела координирана спасувачка акција.

При координацијата со институциите од системот за управување со кризи, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на терен излегле и дејствувале припадниците од Специјалната единица за брзо распоредување и припадници на противпожарната бригада од Скопје, а лицето го придружувал и болничар кој се грижел за опшатата состојба на загрозениот граѓанин.