На 03.04.2022 во 17.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на излезот од Дебар патничко возило „фолксваген тигуан“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Дебар, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.