Триесет и двегодишна жена вчера околу 20.20 часот шетала коњ на улицата „Радослав Чимермана“ кај загрепскиот хиподром.

– Животното во еден момент се вознемири и ја удри жената со копито во главата – соопшти полициската управа во Загреб.

Повредената била пренесена во клиничката болница во Дубрава каде и била укажана лекарска помош. Жената има тешки повреди.