Предлог иницијативата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу нив најгласен беше министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски за продолжување на рокот на пасошите со старото име не поминаа денеска на собраниската седница.
Имено, при 100 присутни пратеници во собраниската сала, владиното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ не гласаше „За“ овој предлог туку „против“. Епилогот беше 54 гласови „Против“ и 46 беа „За“.
Милошоски вели дека СДСМ и ДУИ оставиле на цедило 600.000 граѓани
За неразбирливиот потег на СДСМ и ДУИ кои ги „зарабоија нашите граѓани“ се огласи и пратеникот Антонијо Милошоски. Тој вели дека овие пратеници оставиле на цедило 600.000 македонски граѓани.
Каде може да патувате со пасош со старото име?
Во меѓувреме, Австрија и Хрватска ја информираа нашата држава дека со старото име „Република Македонија“ нашите државјани нема да имаат проблем. Се огласи и Швајцарија која информираше дека исто така прифаќа државјани со старото име. Остана запаметен примерот во Италија каде нашиот дипломат таму самоиницијативно побара Италија да не ги признава документите со старото име.
СКАНДАЛ: Амбасадорот во Италија со нота ги прогласил за неважечки пасошите на Македонија
Што се однесува до останатите земји-членки на ЕУ сите тие допрва поединечно ќе се изјаснуваат како ќе се однесуваат кон важечките пасоши кои го имаат старото име „Република Македонија“.
Дел од соседните држави без рестрикции
Соседните држави (Албанија, Србија и Косово) и Босна и Херцеговина не прават проблем за влез со лични карти со старото име. Најригорозна е Грција која бара на секој документ да пишува Северна, а ознаката на табличките да биде со „НМК“.