Министерството за внатрешни работи денеска (26.05.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 78 возачи, од кои 31 на територија на СВР Тетово, 10 на територија на СВР Велес.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.