Никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесува агенцијата АП.

Ова е втор ваков напад на аеродромот Абха во последните 24 часа, потсетува агенцијата, додавајќи дека нема жртви во претходниот напад.

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори против шиитските бунтовници во Јемен, не го објасни детално нападот или не даде детали за жртвите, освен што рече дека нејзините сили „пресретнале“ дрон со експлозив.

Од 2015 година, јеменските бунтовници Хути, кои се борат против воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, беа цел на меѓународните аеродроми во Саудиска Арабија, како и воени објекти и клучна нафтена инфраструктура.