Манчестер Јунјатед е клуб, кој има посебно место во моето срце, и презадоволен сум од пораките што ги добивам од најавата за трансферот во петокот. Одвај чекам да играм на „Олд Трафорд“ пред полн стадион и повторно да се сретнам со навивачите. Се радувам што ќе му се приклучам на тимот веднаш по репрезентативните настапи и се надевам дека не очекува успешна сезона, порача Роналдо во првата изјава по потпишувањето на договорот.

За трансферот на португалската фудбалска ѕвезда, Манчестер јунајтед ќе му исплати на Јувентус 15 милиони евра во следните пет години, а износот би можел да биде зголемен за дополнителни осум евра во зависност од ефектот на Роналдо во дресот на „црвените ѓаволи“.