Како што информираа за МИА од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци, според првичните согледувања пожарите биле предизвикани од неконтролирано горење органски отпад кај нивите, особено лозови прачки кои останале по резидбата на виновите лози.
-По двајца пожарникари со по едно противпожарно возило се на терен, се гасне во атарот на кавадаречките села Сопот и Раец и росоманските Рибарци и Паликура. Заради зголемениот обем на работа повикани се да интервенираат и пожарникари кои денеска имаа слободен ден, рекоа од Противпожарната единица.
Пожарникарите апелираат на внимателност за да не се случуваат пожари.