Koшаркарскиот клуб Академија ФМП го совлада Балкан со 77-75 во последното 8.коло од групната фаза во Балканската БИБЛ-лига.
Македонскиот претставник до триумф дојде во второто полувреме, бидејќи на паузата имаше негатива од 13 поени.
Стефан Крстајиќ беше најефикасен во домашниот табор со 25 поени, Били Ајви постигна 18, додека Лука Стојановски 13 поени.
Академија ФМП ја заврши првата сезоната во регионалното натпреварување со скор од шест порази и две победи, двете остварени во последните две кола.