Министерот за надворешни работи Бујар Османи призна дека за Бугарија е спорен македонскиот јазик во преговарачката рамка, но оти за тоа не преговараат.
Ова негово признание следи откако претседателот на Комисијата за надворешна политика, пред која денеска дава отчет, Антонио Милошоски му предочи дека е тенка линијата помеѓу преговори и разговори.
Останатите членови на комисијата реагираа зошто Османи не ја открива содржината на одговорите од пакетот 5+1.
На тоа Османи одговори.
Во моментот кога ќе имаме било каква формулација ќе дојдеме тука и ќе го претставиме.. Не можеме да говориме за документ кој е само работна верзија. Нека дојде било кој пратеник кај мене во кабинет и ќе му го покажам.