Регистрирана е под варијантата на Омикрон во земјата инаку позната како тип БА2. АЛСАТ дознава дека кај 5 пациенти тестирани за Ковид19 со специфични ПЦР тестови е забележан сигнал за присуство на најновата подваријанта БА2. Светската здравствена организација соопшти дека оваа подваријанта е регистрирана во околу 60 земји во светот, а различни експерти велат дека засега нема ништо за што да се грижиме.
Покрај претходната варијанти БA.1 и БA.2, СЗО наведува уште две варијанти. Сите тие се тесно поврзани генетски, но секоја содржи мутации кои можат да го променат начинот на нивното однесување.
Нашите експерти предвиделе од порано дека по Омикрон се очекуваат уште многу мутации за кои се предвидува дека ќе бидат можеби попреносливи, но кои би биле многу пати полесни од претходните, и кои полека ќе го означат крајот на пандемијата.
Она што досега сите експерти го препорачуваат по секоја појава на други мутации е дека вакцинацијата е единствениот начин за побезбедна заштита од корона вирусот. Во Македонија досега процентот на вакцинирани лица е над 40%, додека за да се постигне колективен имунитет неопходна е вакцинација на 80% од населението.