Владата на денешната седница, на предлог на Комисијата за именувања, за претседател на Советот за македонски јазик го именуваше проф. д-р Људмил Спасов, кој и претходно ја извршуваше оваа должност. За членови на Советот се именувани Елена Јованова – Грујовска, Елизабета Бандиловска, Виолета Јанушева, Лидија Аризановска, Снежана Велковска, Елизабета Кузмановска, Симон Саздов и Искра Пановска Димкова, соопшти владината прес-служба.
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа и редовната 12-та, тематска седница, на која беа разгледани програмите за работа на министерствата за 2022 година. За програмите за работа, за финансиските и за инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, Владата дополнително ќе расправа на една од наредните седници.