Вкупно 41 пешак е санкциониран во акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават пешаците, спроведена денеска од 11 до 16 часот од полициски службеници на СВР Битола.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, засилените акциски контроли во сообраќајот ќе продолжат и во наредниот период.
-Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, се вели во соопштението од МВР.