Казнети се 156 пешаци вчера на територија на Град Скопје, од вкупно изречени 303 сообраќајни мерки. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 53 санкции, а 20 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопштија денеска од МВР, како и четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.