На 10.02.2022 во 18:45 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на с.Трубарево е лишен од слобода К.М.(27) од скопско.

За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна.

Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.