Париската полиција утрово застрела маж што на железничката станица Гар Ди Нор со нож ѝ се заканувал на полициска патрола.
Засега неименуваниот маж бил застрелан од огнено оружје откако со нож тргнал кон полицајците, заканувајќи им се со нож, со острица од околу 30 цм.
Мажот починал од здобиените рани, а немало повредени меѓу полицајците.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја потврди информацијата на Твитер и ја поздрави акцијата на полицијата која „ја отстрани секоја опасност за патниците и за себе“. Поради инцидентот, утрово неколку возови доцнеле.