Партијата на пензионери (ПП) бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите што го најави Владата.
-Како партија, ја поддржуваме иницијативата на премиерот Димитар Ковачевски и на Владата за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите засегнати страни по ова прашање. Уверени сме дека, само на тој начин, може да се дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата, соопшти ПП.
Партијата нагласува и дека ја поздравува и поддржува најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период за сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза.
-Покрај финансиската поддршка која Владата ја обезбеди во 2021 година за пензионерите со ниски примања како дел од ранливите категории граѓани, ја поздравуваме и подржуваме најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период на сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза, наведува ПП.