Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ само бараат пари од Владата, а ништо не работат Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо немаат сработено во првите 100 дена од мандатот ниту за граѓаните ниту за општините.Граѓаните сведочат само на оправдувања за нивното неработење и партизација на општинските администрации, вратија од СДСМ.
Во продолжение соопштението
Единственото нешто што го прават се неработа, недостаток на проекти и барања за финансиска помош, додека кај нив не постои никаква иницијатива да се вклучат во справувањето со економската и енергетската криза.
Владата предводена од СДСМ постојано ја покрива нивната неспособност. Така беше за парното во Скопје, така и со мерките за енергетска криза, општините на ВМРО-ДПМНЕ не преземаа ништо за граѓаните.
Наследија полни буџети и голем број започнати проекти од претходните локални власти и оние поддржани од централната власт, но не реализираа ништо.
Данела Арсовска е прв пример за неработа и неспособност. Ништо не сработи за три месеци освен што нивелираше шахта и постави мобилни тоалети и се прогласи за ненадлежна за се останато.
Ги излажа скопјани дека ги исчистила депониите, а во секоја општина има депонија.
Скопјани ги остави без парно среде енергетска криза, па Владата презема мерки и обезбеди греење.
Со нивната неспособност и неработа во првите 100 дена се покажаа како најнеуспешните градоначалници во историјата.