Руските копнени сили утрово од повеќе правци влегле на украинска територија, соопштија украинските погранични сили.

„Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, ја нарушија границата во регионите на Чернихив (север, белоруска граница), Суми (североисток, руска граница), Луганск и Харков (исток, руска граница)“ и преку преминот меѓу полуостровот и континентална Украина“, се наведува во соопштението.

Се додава дека Русија отворила артилериски оган пред да испрати воени возила.

Украинските сили објавија и видео на кое се гледаат возила означени со буквата „З“.