Веста ја пренесе италијанскиот весник „Стампа“, повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство.
-Европската комисија, во договор со водачите на многу земји на ЕУ, одлучи да склучи договор со компании кои произведуваат вакцини (вирусен вектор), кои важат за тековната година, и нема да бидат обновени по истекот на рокот, пишува весникот.
Се додава дека Брисел претпочита да се фокусира на вакцините против ковид-19 кои користат mRNA технологија, како што се вакцините „Фајзер“ и „Модерна“.