Доколку власта не водеше инает и ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и стопанството ќе беа помалку оштетени од новите поскапувања, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за вестите на Алфа Телевизија.
Стојаноски истакна дека мерките на власта се задоцнети бидејќи ВМРО-ДПМНЕ уште од 15 февруари предлагаше мерки, а законските решенија ги поднесе на 28 февруари.
– Дел од овие мерки кои владата ги предложи ние ги предложивме уште на 15 февруари, а истите предлог законски решенија ние ги поднесовме во Собрание на 28 февруари. Зошто владата арогантно продолжува да ги одбива предлозите на опозицијата навистина не знам, но гледаме дека се она што ќе го предложиме, тие го одбиваат па после неке време го носат и арогантно не повикуваат ние да ги прифатиме тие мерки кои ние сме им ги предложиле, потенцира Стојаноски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 5 амандмани со 4 суштински забелешки за кои ќе се разговара на комисијата за финансирање и буџет и се надева дека власта ќе ги прифати.
– Со нашите амандмани ние ќе бараме 50% намалување на акцизата за бензинот и дизелот, 100% намалување на акцизата за плинот и метанот, намалување на ДДВ на топлинска енергија од 5% на нула, и ќе побараме за увозот на енергенси како бензинтие и струјата наместо од 18% и 10% на 5% да се намали ДДВ и сето ова да крае до крај на годината. Сметаме дека до крај на годината како се справува власта со кризата, таа ќе трае, изјави Стојаноски.