Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи. Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Како што соопшти МВР, притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 182 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.