На 13.03.2022 во 04.00 часот било пријавено дека на патот од брана на Тиквешко Езеро во правец на с.Возарци, патничко возило „сеат“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.А.(20) од с.Возарци, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајцата сопатници Н.М.(18), Р.Р.(19), а со телесни повреди се здобил сопатникот С.И.(20), сите од с.Возарци, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.