Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северен и североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а до среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. На места значително облачно и најветровито ќе биде во вторник. Температурата во следните денови ќе биде во пораст, позначителен од средината на седмицата, прогнозира УХМР.