Секое второ дете во Украина е приморано да го напушти домот поради воените дејствија во земјата.
– Тоа е неверојатно. Од почетокот на војната пред еден месец од сите деца во земјата секое второ морало да го напушти својот дом, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, кој додаде дека доколку војната не престане се повеќе од децата во Украина ќе бидат приморани да заминат од дома.
Елдер уште истакна дека УНФЕЦ се обидува да обезбеди ќебиња, таблети за прочистување вода, генератори, медицински материјал и акушерски комплети за мајките што се пораѓаат во Украина.
– Ако оваа војна не престане, ако не престанат неселективните напади, ќе гледаме се повеќе деца оттргнати од своите домови, рече Елдер.